Дописници МКДОпштински вести

Пад на наплатата за вода во Кичево

Редовната наплата на сметките за вода во Кичево е намалена на 50 проценти, споредено со перидот пред КОВИД-19 пандемијата кога изнесувала 85 отсто. 

Кичево, 10 мај 2021 (МИА) – Редовната наплата на сметките за вода во Кичево е намалена на 50 проценти, споредено со перидот пред КОВИД-19 пандемијата кога изнесувала 85 отсто.  Директорот на комуналното претпријатие Зенел Јонузи, посочува дека ако пандемијата продолжи, наплатата  би можела да биде и помала, што ќе ја наруши ликвидноста на компанијата.

-Од ланската пролет и појавата на коронавирусот наплатата на сметките за вода во нашиот град опаѓа од месец во месец, за моментално да стигнеме до наплата од 50 проценти. Граѓани како причина ги наведуваат намалените и нередовни приходи, со што се влошува и нивната финансиска стабилност, вели Јонузи.

Тој посочува дека намалувањето се должи и на зголемениот износ на фактурите после пуштањето во работа на пречистителната станица за отпадни води.

-Покрај проблемот со пандемијата, граѓаните  својата нередовност  ја правдаат и со зголемените сметки за вода, по отворањето на пречистителната станица за отпадни води. Во тој поглед ние како компанија не можеме ништо да смениме, бидејќи пречистителната станица има свои фиксни трошоци од струја и реагенси за лабораторија, исто така мораше и персонално да се засилиме за  нормално да функционира овој објект и целосно да одговориме на обврските, додава директорот. за/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close