Дописници СветСветСвет.Портал

Паѓаат акциите на водечките западни банки по новинарско истражување на ИЦИЈ  

Берзанските котирања на многу западни банки денеска се соочуваат со значителен пад по објавата на истражување на Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство (ИЦИЈ), за долгогодишните сомнителни операции и можно перење пари со вкупна вредност од 2 трилиони долари извршени од низа големи банки од САД, Велика Британија и Германија.

Вашингтон, 21 септември 2020 (МИА) Берзанските котирања на многу западни банки денеска се соочуваат со значителен пад по објавата на истражување на Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство (ИЦИЈ), за долгогодишните сомнителни операции и можно перење пари со вкупна вредност од 2 трилиони долари извршени од низа големи банки од САД, Велика Британија и Германија. 

Меѓународниот новинарски проект „Касандра“ е заснован на доверливи документи од финансиското разузнавање на САД (ФинЦЕН) за сомнителни трансакции на американските банки. Во материјалите има информации за банкарски трансакции на милијардери и олигарси од Турција, Русија, Казахстан, Бугарија, Украина, САД, Бразил, Венецуела, Јужна Африка и други земји. „Касандра“ е проект на 110 медиуми од 88 земји, меѓу кои и ИЦИЈ и Проектот за известување на организиран криминал и корупција (ОЦЦРП)..

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, први реагираа котирањата на главните субјекти во центарот на скандалот, американската JPMorgan (-4 отсто) и Bank of New York Mellon ( -3,3 отсто), на британската HSBC (-6 отсто) и на Standard Chartered Bank (-5,5 проценти), исто така и таа и на германската Deutsche Bank ( -8,5%).  

Овие банки ги повлечија со себе котирањата на други банки. Акциите на водечките француски банки BNP Paribas, Societe Generale и Credit Agricole во првите часови на тргувањата денеска изгубија 5 до 6 отсто. Најголемите банки на Шпанија, Santander и BBVA изгубија по 6 отсто, а водечката италијанска банка, Unicredit, изгуби 1,6 проценти.

Поради намалените котирања во банкарскиот сектор, намалување денеска имаше и кај основните берзански индекси на Европа. Германската Dax од почетокот на тргувањата се нанмали за  3 отсто, британската FTSE 100 за  3,5 отстододека француската CAC 40 — за 3,2 проценти.

На американските берзи пак, каде тргувањата штотуку започнуваат, првичните тргувања укажуваат на негативен тренд: индексот Dow Jones се намали за 0,9 отсто, додека S&P 500 за 1,2 процентикб/

Back to top button
Close
Close