Општински вестиСкопје

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје: Пријавени и реализирани 1.852 интервенции за еден месец

За еден месец извршени се вкупно 1.418 хемиско-бактериолошки анализи на примероци од вода од градскиот водоснабдителен систем. Пријавени и реализирани се 1.852 интервенции, ова се наведува во месечниот извештај за август 2020 година на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – За еден месец извршени се вкупно 1.418 хемиско-бактериолошки анализи на примероци од вода од градскиот водоснабдителен систем. Пријавени и реализирани се 1.852 интервенции, ова се наведува во месечниот извештај за август 2020 година на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Во месечен преглед на оперативни активности за август 2020 година се наведува дека во Секторот Водовод имало 1.036 интервенции. Од кои отстранети дефекти – 95 улични и 416 дефекти на шахти, поставени се 24 затворачи, 45 огрлици, 117 приклучни цефки, 21 хидранти, 26 нови приклучоци, променети 267 водомери, 26 изведби на водоводна мрежа.

Во Секторот Канализација имало 28.556 интервенции, од кои 7.047 проверки на шахти, 18.611 изведби на површинско чистење на решетки од сливници, 2.179 изведби на рачно чистење шахти и сливници…

Се работело на 10 основни проекти, три за водоводна мрежа, пет за фекална канализација и два за атмосферска канализација. По еден проект имало за реконструкција на водоводна мрежа, за дополнување на основен проект за дислокација на водовод, за корекција на постоечки фекален колектор на лев и десен брег и за пренасочување на фекална канализација.

– Сите оперативни активности спроведени од страна на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје се со цел пресретнување на потребите на корисниците и граѓаните на Град Скопје, одржување на водоснабдителниот систем, подобрување и унапредување на инфраструктурата и одржување на висококвалитетното ниво на водата за пиење, се вели во соопштението.

Од „Водовод и канализација“ – Скопје потсетуваат дека граѓаните можат да ги контактираат на 02/3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk, https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/, а повеќе информции можат да добијат на www.vodovod-skopje.com.mk, преку e.vodovod-skopje.com.mk или мобилната апликација достапна за Android и iOS. мд/сп/

Back to top button
Close
Close