Општински вестиСкопје

ЈП Водовод и канализација продолжува со редовното работно време

Во согласност со промените на траењето на полицискиот час, шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје од денеска продолжуваат со редовно работно време од 07:30 до 19 часот и сабота од 09 до 14 часот.

Скопје, 6 мај 2021 (МИА) – Во согласност со промените на траењето на полицискиот час, шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје од денеска продолжуваат со редовно работно време од 07:30 до 19 часот и сабота од 09 до 14 часот.

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикува граѓаните да ги користат и електронските сервиси достапни преку нивната веб страница www.vodovod-skopje.com.mk . Полесен и побрз пристап до услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје е овозможен со мобилната апликација на претпријатието.

Информациите поврзани со сметките и нивната наплата се достапни и преку апаратите за наплата – СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ, Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје и во ГТЦ на приземје, стои во соопштението од претпријатието.свс/са/

 

Таг
Back to top button
Close
Close