Општински вестиСкопје

ЈП Водовод и канализација: Наместо во нашите простории, сите информации граѓаните може да ги добијат телефонски и електронски

ЈП Водовод и канализација – Скопје согласно новонастаната ситуација со коронавирусот во државава, како и во согласност со препораките и одлуките издадени од Министерството за здравство, Владата и СЗО преку соопштение ги повикува граѓаните да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките од Министерство за здравство, http://zdravstvo.gov.mk/, Владата, https://vlada.mk/ и Светската здравствена организација, https://www.who.int/.

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – ЈП Водовод и канализација – Скопје согласно новонастаната ситуација со коронавирусот во државава, како и во согласност со препораките и одлуките издадени од Министерството за здравство, Владата и СЗО преку соопштение ги повикува граѓаните да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките од Министерство за здравство, http://zdravstvo.gov.mk/, Владата, https://vlada.mk/ и Светската здравствена организација, https://www.who.int/.

Со цел свесна и превентивна самоизолација и избегнување на физичко присуство во просториите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, за секоја потребна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје граѓаните треба да се јават на телефонските броеви на Дежурно Информативен Центар – 02 3073 010 и во Дирекцијата – 02 3240 300 – https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/; kontakt@vodovod-skopje.com.mk (пратете порака со вашето барање, кое ќе биде пренесено до соодветниот сектор од каде ќе бидете контактирани за одговор); – https://vodovod-skopje.com.mk/ – официјална веб страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје, каде имаат можност да се информираат за сите услуги на претпријатието достапни по електронски пат, да се регистрирате како електронски корисник, а доколку не сте регистриран корисник да ја искористите можноста Брзо плаќање.

Зголемете го нивото на хигиена, избегнувајте физички контакти, редовно мијте ги рацете, пијте повеќе вода и одржувајте го вашиот имунитет, доколку забележите одредени симптоми јавете се на 078 387 194 во Институтот за јавно здравје, посочуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје. рп/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close