Општински вестиСкопје

ЈП „Водовод и канализација“: Безбедна и квалитетна водата за пиење во Скопје

Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје во периодот од 27 април 2020 година до 1 мај 2020 година зема 146 примероци за физичко-хемиска и 146 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Град Скопје.

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во периодот од 27 април 2020 година до 1 мај 2020 година зема 146 примероци за физичко-хемиска и 146 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Град Скопје.

-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), соопшти „Водовод и канализација“ – Скопје.

Од претпријатието информираат дека со цел подобра информираност на граѓаните на Град Скопје, го објавуваат неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Извештајот е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола кој, како што се наведува, е прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018. мд/скс/

 

Back to top button
Close
Close