СветСвет.Портал

Пјонгјанг го смени шефот на дипломатијата

Севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јонг Хо е сменет од функцијата, јавија локалните медиуми.

Сеул, 18 јануари 2020 (МИА) – Севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јонг Хо е сменет од функцијата, јавија локалните медиуми.

Се уште не е одредено кој ќе го замени, а неофицијално се дознава дека името на новиот шеф на дипломатијата, Пјонгјанг би требало да го соопшти следниот четврток.

Јужнокорејското Министерство за обединување, кое е надлежно за прашања поврзани со Северна Кореја, соопшти дека смената на статусот на Ри треба да се оцени многу внимателно.

Ри, кој е поранешен амбасадор на Пјонгјанг во Лондон, ја претставуваше Северна Кореја во преговорите за нуклеарната програма, но минатата година не присуствуваше на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк, првпат после три години. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close