0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

ЈП „Куманово-Гас“ ја прошири дистрибутивната мрежа во централното градско подрачје

Јавното претпријатие „Куманово-гас“ ја прошири дистрибутивната гасоводна мрежа во централното градско подрачје, информираа денеска од претпријатието.

Куманово, 1 април 2020 (МИА) – Јавното претпријатие „Куманово-гас“ ја прошири дистрибутивната гасоводна мрежа во централното градско подрачје, информираа денеска од претпријатието.

Куманово-Гас” Куманово во текот на месец март ја прошири дистрибутивна гасоводна мрежа во должина од 300 метри на улица Димитар Влахов и дел од улица Ленинова, поточно на потег од црквата Св.Никола до улица Ленинова или зад станбените згради над познатите скопски дуќани”.

За почеток очекуваме да се прилучат десет станари од едната од колективните станбени згради, нови приклучоци очекуваме наредниот период. Претходно ја завршивме и дистрибутивната мрежа на „Окотмвриска револуција“ кај станбените единици зад поранешен „Жито-мел“, изјави директорот на претпријатието, Никола Денковски.

Од претпријатието ги информираа заинтересираните граѓани од овие делови од Куманово дека се создадени технички услови за приклучување на нивните индивидуални и колективни станбени објекти на дистрибутивниот гасоводен систем на град Куманово.

-За подетални информации за постапката за приклучување, можат да се обратат  во просториите на претпријатието, или со оглед на вонредната состојба во која се наоѓа државата на нашиот официјален емаил: kumanovogas@gmail.com како би добиле одговор на прашањата, а можат да не контактираат и претставник од станбените домари, додава Денковски. ас/сст/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close