0_Македонија.ПорталВидео изјаваОпштествоОпштински вести

ЈП „Комунална хигиена“ отвори ново одделение за грижа на корисниците

Во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје од 1 јуни официјално ќе почне да функционира новoто Одделение за грижа на корисниците.

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје од 1 јуни официјално ќе почне да функционира новoто Одделение за грижа на корисниците.

Според директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани, целта е да им се излезе во пресрет на потребите на нивните корисници во однос на административното работење. Воведена е елктронска достава, е набрзо ќе се воведе и можноста за онлајн плаќање.

-Веќе започнавме со електронска достава на фактури, додека најзначајната новина што најпрво ќе ја воведеме секако е можноста за онлајн-плаќање, којашто на граѓаните значително ќе им го олесни процесот на плаќање на сметките за собирање и транспорт на комунален отпад. Сите свои останати барања, нашите корисници ќе можат да ги достават токму во ова Одделение, во чијшто состав ќе се наоѓа и архивата на Претпријатието, рече Шабани на денешната прес-конференција.

На отворањето на Одделението присуствуваше и градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, кој нагласи дека Претпријатието и во наредниот период ќе продолжи со активностите за расчистување на стрништа.

Во согласност со потребите и барањата на корисниците, Шилегов рече дека неодамна се воведени низа подобрувања на услугата за собирање кабаст отпад од домовите на граѓаните.

Одделението за грижа за корисници на ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе функционира од понеделник до петок, од 7 до 19 часот, а корисниците ќе можат да се информираат и на е-адресата: grizazakorisnici@khigiena.com.mk. Сите потребни обрасци што се однесуваат на барањата на корисниците ќе бидат објавени и на веб-страницата: www.khigiena.com.mk.

-За оние граѓани кои добиваат заеднички сметки на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје и ЈП „Водовод и канализација“, во Одделението за корисници е поставен и апарат со којшто ќе можат да извршат електронско плаќање на овие побарувања, се наведува во соопштението на „Комунална хигиена“.бт/лв/

изјава Петре Шилегов

Posted by MИА.mk on Петок, 29 мај 2020

Таг
Back to top button
Close
Close