Дописници МКДОпштински вести

ЈП „Комуналец“ Крива Паланка одгледува околу 14.500 корени цвеќе во сопствените оранжерии

Јавното претпријатие „Комуналец“ од Крива Паланка во рамки на програмата на секторот паркови и зеленило за 2020 година има засеано околу 14.500 семки цвеќе кои се одгледуваат во сопствените оранжерии и фолии на претпријатието и ќе бидат засадени на сите јавни зелени површини и декоративни цветни форми во градот.

Крива Паланка, 24 јануари 2020 (МИА) – Јавното претпријатие „Комуналец“ од Крива Паланка во рамки на програмата на секторот паркови и зеленило за 2020 година има засеано околу 14.500 семки цвеќе кои се одгледуваат во сопствените оранжерии и фолии на претпријатието и ќе бидат засадени на сите јавни зелени површини и декоративни цветни форми во градот.

– Извршено е сеење на 4.500 семки петунии, 1.500 семки винка, 4.000 семки таргет, а веќе се произведени околу 4.500 корени љубичици, дел од кои пред крајот на 2019 беа засадени на декоративните цветни форми во кејот на реката и низ јавните површини, а останатите 2.500 корени ќе се засадат напролет. Планирано е да бидат засеани уште 15.000 семки разни видови цвеќе кои ќе се користат за разубавување на јавните површини, градскиот парк, дворовите на јавните инститиуции, влезот и излезот на градот и жардињерите покрај магистралата А2, како и канделабрите низ главната улуца, изјави раководителот на сектор паркови и зеленило на ЈП „Комуналец“, Драги Пејчиновски.

Екипи на секторот редовно го отстрануваат сметот од јавните зелени површини, речните корита и каскади.

– Покрај цвеќе, во фолиите се одгледуваат и декоративни зимзелени дрвца, во помали количини, согласно програмата за тековната година, додаде Пејчиновски. ид/цр/

Back to top button
Close
Close