0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

ЈП „Комуналец“-Битола со нова оперативна механизација

Градоначалникот на Битола Наташа Петровска и директорот на ЈП „Комуналец“ - Битола, Панде Богоевски презентираа нова оперативна механизација на претпријатието обезбедена со успешна апликација за меѓународен грант.

Битола, 31 јануари 2020 (МИА) – Градоначалникот на Битола Наташа Петровска и директорот на ЈП „Комуналец“ – Битола, Панде Богоевски презентираа нова оперативна механизација на претпријатието обезбедена со успешна апликација за меѓународен грант.

Градоначалничката Петровска на промотивниот настан истакна дека станува збор за повеќенаменска опрема со која Општина Битола директно влијае врз промената на застарената механизација со нова и поефикасна.

-За подобрување на општинските услуги Општина Битола доби грант од 7,2 милиони денари, а од нив 3,3 милиони денари ги насочивме за набавка на механизација што ќе биде во функција на општинските услуги и нивно подобрување. Оваа механизација ќе ја користи ЈП „Комуналец“ за нивната дејност и затоа што знаеме дека без соодветни средства никогаш неможе да се зборува за квалитетна услуга, истакна Петровска.

Таа додаде дека досега во сите локални јавни претпријатија се вложени 645.000 евра со кои е набавена нова механизација, но, како што истакна, сумата е значително поголема бидејќи сега се зголемени заштедите, на сметка на поранешните трошоци кои ги предизвикуваше застарената механизација и која често беше неисправна и нефункционална.

Донацијата на Општина Битола за ЈП „Комуналец“ содржи трактор со дополнителна механизација која ќе се користи во зимски услови за отстранување на снег од коловоз и тротоари, приколка, метларка, ровокопач и две алатки за кастрење на гранки крај пристапни патишта.

-Механизацијата која за ЈП „Комунелец“ ја обезбеди Општина Битола за нашето претпријатие претставува големо олеснување во секојдневите работни активности и на овој начин, и во интерес на граѓаните ќе го зголемиме опфатот на активности. Целата инвестиција овозможува ефикасност, замена на рачното со машинско работење, заштеда на финансиски средства и други бенефиции, истакна директорот на ЈП „Комуналец“ – Битола, Панде Богоевски. мт/сст/

Back to top button
Close
Close