Дописници МКДОпштински вести

ЈП „Билјанини извори“ од денеска стопанисува со просторот за сидрење пловни објекти во Студеншичкиот канал на Охридското Езеро

Согласно одлуката на Советот на Општина Охрид, јавното претпријатие „Билјанини извори“ од денеска го презема на времено стопанисување и одржување земјиштето долж Студенчишкиот канал на Охридското Езеро каде се врши сидрење на пловни објекти.

Охрид, 29 април 2020 (МИА) – Согласно одлуката на Советот на Општина Охрид, јавното претпријатие „Билјанини извори“ од денеска го презема на времено стопанисување и одржување земјиштето долж Студенчишкиот канал на Охридското Езеро каде се врши сидрење на пловни објекти.

Станува збор за земјиште со вкупна површина од 14.426 метри квадратни, со кое во иднина ќе стопанисува општинското јавно претпријатие.

Се повикуваат сопствениците на пловни објекти да се обратат до дирекцијата на „Билјанини извори“ за натамошно регулирање на начинот на кој во иднина ќе можат да ги користат површините за сидрење на пловните објекти. аб/са/

Back to top button
Close
Close