0_Спорт.ПорталФудбал

Пјаниќ може да оди во Челзи или Интер

Играчот за врска Миралем Пјаниќ може да ја напушти Барселона за време на летниот преоден рок. „Диарио Спорт“ пишува дека Челзи и Интер веќе оствариле контакт со каталонскиот клуб во врска со можниот трансфер на 31-годишниот фудбалер.

Барселона, 6 мај 2021 (МИА) – Играчот за врска Миралем Пјаниќ може да ја напушти Барселона за време на летниот преоден рок. „Диарио Спорт“ пишува дека Челзи и Интер веќе оствариле контакт со каталонскиот клуб во врска со можниот трансфер на 31-годишниот фудбалер.

Лондонскиот клуб минатото лето покажа интерес за играчот. Интер ја цени вештината на Пјаниќ и верува дека тој ќе му помогне на тимот, кој штотуку ја освои титулата во лигата, да стане уште посилен.

Пјаниќ е подготвен да остане во Барса, бидејќи е сигурен дека сепак ќе добие шанса да се докаже. Ако Роналд Куман остане во тимот, тогаш улогата на Пјаниќ во Барселона нема да стане позначајна. Играчот за врска прима многу голема плата, а управата на клубот не сака да го задржи ваквиот договор за играч кој скоро никогаш не влегува на теренот.

Најуспешна опција за Барселона е изнајмување на Пјаниќ, бидејќи сега цената на играчот драматично падна.

Пјаниќ разговарал со Куман за ситуацијата. Конечната одлука за иднината на играчот ќе биде донесена во јуни.

Босанецот оваа сезона настапи на само 17 натпревари во Примера. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close