ЕвропаЕвропа.Портал

Оздраве пациентот кој беше болен од Ковид-19 во Москва

Мажот кој беше позитивен на новиот коронавирус откако патувал во Италија, е отпуштен од болница во Москва откако оздравел, јавија локалните медиуми.

Москва, 7 март 2020 (МИА) – Мажот кој беше позитивен на новиот коронавирус откако патувал во Италија, е отпуштен од болница во Москва откако оздравел, јавија локалните медиуми.

Според московскиот градоначалник Сергеј Собјанин, лекарите на 2 март потврдија дека еден жител на Москва е позитивен на новиот коронавирус откако престојувал во Италија.

Заменичката на градоначалникот Анастасија Ракова вчера изјави дека пациентот оздравел и наскоро ќе биде отпуштен од болница.

Смртоносниот вирус кој предизвикува пневмонија наречен Ковид-19 се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на декември минатата година. Светската здравствена организација (СЗО) избувнувањето на коронавирусот го прогласи за меѓународна вонредна здравствена состојба. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close