Дописници МКДОпштински вести

ОВР Кичево поднесе кривична против едно лице за поседување канабис

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.З.(58) од Кичево информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Кичево, 21 август 2020 (МИА) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.З. (58) од Кичево информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

При преглед извршен врз него на 24 март оваа година на улица „11-ти Септември“ во Кичево, полициските службеници пронашле и одзеле семки од растението канабис. Додека, при претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени 43 куршуми и семки од канабис, објасни Димоски. рз/аа/

Back to top button
Close
Close