Дописници МКДОпштински вести

ОВР-Кичево поднесе кривична пријава против едно лице од Гостивар, не го почитувал полицискиот час

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.С.(66) од Гостивар , информираа портпаролот Стефан Димоски.

Кичево, 29 април 2020 (МИА) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.С.(66) од Гостивар , информираа портпаролот Стефан Димоски.

Тој објасни дека на 22 април, во 19.30 часот, полициските службеници го затекнале пријавениот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај месноста „Осломешки пат“ и при контрола утврдиле дека тој не ги почитувал мерките за забрана на движење, односно немал дозвола за движење издадена од надлежен орган.

Пријавениот, постапил спротивно на прописите на Владата за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID – 19 , додаде Димоски. рз/оџ/

Back to top button
Close
Close