Дописници МКДХроникаХроника.Портал

ОВР Кичево издаде 20 прекршочни платени налози за неносење маска

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на ОВР Кичево, полициските службеници констатирале 20 прекршоци за неносење лична заштита на лицето.

Кичево, 4 август 2020 (МИА) – Според статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи, во изминатото деноноќие, на подрачјето на ОВР Кичево, полициските службеници констатирале 20 прекршоци за неносење лична заштита на лицето.

– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле осум контроли врз угостителски и други објекти. рз/фф/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close