Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

ОВР Дебар поднесе кривични пријави за жители на Слупчане и на Дебар 

Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривични пријави против жител на Слупчане, како и против жител на Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид. 

Дебар, 21 јули 2021(МИА) – Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривични пријави против жител на Слупчане, како и против жител на Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

-Против лицето Ф. Б. (57) од селото Слупчане, општина Липково, кривична прјава е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. При контрола извршена на 24 април годинава, на улицата „8-ми септември“ во Дебар, полициските службеници констатирале дека тој не поседува валидна возачка дозвола односно користи фалсификуван возачки документ, изјави Димоски.

Кривичната пријава против жител на Дебар е поради узурпација на земјиште и бесправна градба.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А. Д. (51) од Дебар. Тој, на крајбрежјето на Дебарско Езеро узурпирал површина од 65 квадратни метри, дел во државна а дел сопственост на ЕСМ и на истата, изградил нелегален станбен објект. Со тоа,  се стекнал со противправна имотна корист од 128.700 денари, додава тој.

Според Димоски вчера во 14 часот во близина на продавница лоцирана на улицата „Зија Мерсоски“ во Дебар, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од З.Д. врз А.Ч.(38), двајцата од Дебар. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. вт/aa/

Таг
Back to top button
Close
Close