ЕвропаЕвропа.Портал

ОВП треба да плати казна од 800.000 евра поради надминување на буџетот за кампања

Народната партија на Австрија (ОВП) на канцеларот Себастијан Курц е казнета со 800.000 евра од Независниот сенат за транспарентност на партиите (УПТС) поради надминување на дозволениот буџет за изборната кампања во 2017 година.

Виена, 16 јануари 2020 (МИА) – Народната партија на Австрија (ОВП) на канцеларот Себастијан Курц е казнета со 800.000 евра од Независниот сенат за транспарентност на партиите (УПТС) поради надминување на дозволениот буџет за изборната кампања во 2017 година.

Исто така, ОВП треба да плати дополнителни 80.000 евра поради недозволени грантови.

Ограничувањето на буџетот за предизборната кампања предвидува партиите последните 82 дена пред избори да можат да потрошат максимално седум милиони евра.

ОВП во предизборната кампања во 2017 година потрошила 12,96 милиони евра, односно речиси шест милиони повеќе од дозволеното.

Сенатот одлучи да ја изрече речиси максималната казна, која е предвидена до еден милион евра, поради фактот што ова не им е првпат, туку ограничувањето го прекршиле и во 2013 година за 4,3 милиони евра.

ОВП има четири недели за да поднесе жалба на одлуката на Сенатот, но најави дека ќе плати 800.000 евра. Нема детали како ќе постапи за дополнителните 80.000 евра.

На парламентарните избори во 2017 години и други партии го надминале дозволениот предизборен буџет, така што Сенатот се очекува да изрече казна и за нив. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close