0_Спорт.ПорталФудбал

Јовиќ: Зидан верува во мене и е среќен што е во Реал

Српскиот напаѓач на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, зборуваше пред медиумите во матичната земја за тоа дали е задоволен од своето време во „Кралскиот“ клуб и од неговиот однос со менаџерот Зинедин Зидан.

Мадрид, 3 декември 2019 (МИА) – Српскиот напаѓач на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, зборуваше пред медиумите во матичната земја за тоа дали е задоволен од своето време во „Кралскиот“ клуб и од неговиот однос со менаџерот Зинедин Зидан.

„Тој (Зидан) ми рече дека верува во мене и дека е среќен со моето присуство. Тој направи многу за да ме привлече во Реал. Среќен сум и се надевам дека ќе играм повеќе. Јас сум сигурен во себе и знам дека ќе добијам повеќе време на теренот. Мора да работите напорно, но мора да имате и среќа. Мора да бидете искрени со себе и благодарни на сите ваши соиграчи и тренери кои работат со вас, објасни Јовиќ во интервју за српскиот весник „Глорија“.

Неговата сегашна кариера на „Сантијаго Бернабеу“ не е најуспешна. Тој има само еден гол на 8 дуели за „белите“ во Ла Лига оваа сезона.

Таг
Back to top button
Close
Close