Дописници МКДОпштински вести

ОУ „Панко Брашнаров” од Велес доби 35 таблет компјутери од програмата „Ромактед“

Oпштина Велес му предаде 35 таблет компјутери на ООУ„Панко Брашнаров“. Таблетите се набавени како дел од програмата „Ромактед“ и ќе бидат наменети за потребите на учениците од ромска етничка припадност на кои ќе им бидат дадени на трајно користење.  Во набавката на компјутерската опрема, општината учествуваше со 33.985 денари.

Велес, 2 март 2021 (МИА) – Oпштина Велес му предаде 35 таблет компјутери на ООУ„Панко Брашнаров“. Таблетите се набавени како дел од програмата „Ромактед“ и ќе бидат наменети за потребите на учениците од ромска етничка припадност на кои ќе им бидат дадени на трајно користење.

Во набавката на компјутерската опрема, општината учествуваше со 33.985 денари.

На примопредавањето, како што информираа од општината, присуствувале градоначалникот Аце Коцевски и директорот на училиштето Трајче Малинов.

Општина Велес минатата година обезбеди 260 таблети и им ги предаде на основните и средните училишта во градот. Компјутерската опрема беше поделена на ученици од социјално ранливи семејства. ад/оџ/

 

Back to top button
Close
Close