Општински вестиСкопје

ОУ „Исмаил Ќемали” ќе добие осум нови училници

Во скопската населба Топанско Поле денеска ќе биде поставен камен темелник за изградба на дополнителен објект на ОУ „Исмаил Ќемали“ (поранешно ОУ „Рајко Жинзифов“), соопшти Општина Чаир.

Скопје, 17 февруари 2021 (МИА) – Во скопската населба Топанско Поле денеска ќе биде поставен камен темелник за изградба на дополнителен објект на ОУ „Исмаил Ќемали“ (поранешно ОУ „Рајко Жинзифов“), соопшти Општина Чаир.

Новиот објект, како што информираа од ова скопска општина, ќе има два ката и со тоа ОУ „Исмаил Ќемали“ ќе добие осум нови училници со современи услови за одвивање на едукативно-образовниот процес. оџ/сп/

Back to top button
Close
Close