0_Web_АктуелноБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Отворени плажите во Грција

Под правила и протоколи, слични на оние од лани, со растојанија меѓу лежалките и чадорите, но без музика, како што е во кафулињата, од денеска се отворени плажите и бич баровите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 8 мај 2021 (МИА) – Под правила и протоколи, слични на оние од лани, со растојанија меѓу лежалките и чадорите, но без музика, како што е во кафулињата, од денеска се отворени плажите и бич баровите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Со оглед на тоа што во земјата сè уште не се укинати сите рестрикции наметнати од карантинот, како и за секое движење, така и за на плажа, за граѓаните задолжително е испраќање смс порака.

Откако во средата беше соопштено дека организираните плажи ќе се отворат на 8 мај, во изминатите денови интензивно се работеше на подготовките.

Се местеа чадори и лежалки, кои треба да бидат на растојание од четири, односно два метри, дозволени се по две лица, освен ако не станува збор за семејство.

Задолжителна е употребата на антисептик и дезинфекција на лежалките.

За персоналот, задолжителни се маската и селф тестовите, односно тестовите за домашна употреба.

Отворањето на плажите, доаѓа една седмица пред официјалниот почеток на туристичката сезона во Грција. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close