0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталДописници МКДМКДОпштински вестиПолитика

Отворена првата детска градинка во Босилово

Премиерот Зоран Заев заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и градоначалникот на Босилово, Зоран Зимаков, денеска, во општинскиот центар, ја отворија првата детска градинка во Босилево.

Босилово, 20 февруари 2021 (МИА) – Премиерот Зоран Заев заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и градоначалникот на Босилово, Зоран Зимаков, денеска, во општинскиот центар, ја отворија првата детска градинка во Босилево.

Премиерот Заев во обраќањето истакна дека со изградбата и реконструкцијата на квалитетна инфраструктура за предучилишно образование се јакнат и професионалните капацитети на кадарот во градинките, кој има одговорна задача во процесот на градење на личноста на идните генерации.

– Од почетокот на мандатот на оваа Влада до денеска отворени се осум градинки со вкупен капацитет од 551 деца,  ова е деветтата градинка што денеска ја отвораме, а до крајот на 2021 година во план е отворање на уште 13 градинки со вкупен капацитет од 1.384 деца. Тоа е од 1 септември само досега, истакна Заев.

Министерката Шахпаска подвлече дека високо на агендата на Владата и посебно на МТСП претставува грижата за најмладите.

-Многу е значаен влезот на младите во социјалниот и општествениот живот, почнувајќи од најраната возраст, па се до предучилишно образование како предуслов за изградба на квалитетни идни градители на нашата држава. Тука децата преку игра, преку воспитување, преку процес на образование соодветно на нивната возраст, задоволување на нивните потреби кои претставуваат предизвик за квалитетен стручен кадар којшто треба сето тоа да го овозможи во оваа градинка, рече Шахпаска.

Градоначалникот на Босилово, Зоран Зимбаков истакна дека овој објект претставува капитален проект којшто е од огромна важност за Општината, но и исполнето е ветувањето пред граѓаните реализирано со помош на Владата.

-Конечно децата од руралните средини ќе имаат исти услови и третман како и децата од урбаните средини. Имајќи го во предвид денешното забрзано темпо на живеење родителите имаат се помалку време за целосно да им се посветат на своите деца, да им ги обезбедат сите услови за игра и правилен развој. Затоа детската градинка како установа која ја опфаќа детската популација од претшколска возраст има голем придонес во формирањето на младата личност што е предуслов за просперитетна иднина, истакна градоначалникот Зимбаков.

Градинката „Среќни насмевки“ е отворена со средства во износ од 15 милиони денари обезбедени од Владата и дополнително учество на Општината, а во неа ќе се згрижат 55 деца. рт/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close