Дописници МКДОпштински вести

Отворена подрачна канцеларија за социјална работа во општина Јегуновце

Во општина Јегуновце денеска во употреба беше пуштена новата подрачна канцеларија на Центарот за социјална работа. Со тоа жителите од населените места ќе имаат можност наместо во Тетово во општинскиот центар Јегуновце да ја посетат канцеларијата и да се пријават за разните мерки и услуги, истакна дополнителниот заменик министер Санела Шкријељ.

Јегуновце,15 јануари 2020 (МИА) – Во општина Јегуновце денеска во употреба беше пуштена новата подрачна канцеларија на Центарот за социјална работа. Со тоа жителите од населените места ќе имаат можност наместо во Тетово во општинскиот центар Јегуновце да ја посетат канцеларијата и да се пријават за разните мерки и услуги, истакна дополнителниот заменик министер Санела Шкријељ.

– Имавме состојба на 30 меѓуопштински центри за социјална работа. Во моментот работиме на отворање на 50 канцеларии низ општините ширум државата каква што денес ја отвораме во општина Јегуновце. Во пракса тоа значи дека тоа секој граѓанин и граѓанка на оваа општина нема да мора да оди до центарот за социјална работа во Тетово за да аплицира за некое право од социјална и детска заштита туку истото ќе може да го направи тука, рече Шкријељ.

Општина Јегуновце освен за отворање на оваа канцеларија со Министерството соработува и во односно на детската заштита.

-Ја отвораме подрачната канцеларија за подобар сервис на граѓаните на општина Јегуновце. Да се заблагодарам на Владата што овозможија за рок од две години да отвориме една градинка со капацитет од 40 деца од 2 до 6 години. За краток период уште една очекуваме да се отвори во Прељубиште со капацитет од 50 деца. На овој начин ја продолжуваме соработката, рече градоначалникот Дарко Блажески. ас/аа/

Back to top button
Close
Close