Дописници МКДОпштински вести

Отворена канцеларијата на штипската пратеничка Емилија Рамбабова

Отворена е пратеничката канцеларија на Емилија Рамбабова од СДСМ. Таа на денешната прес-конференција информираше дека канцеларијата, која се наоѓа во зградата на Општина Штип почнува со работа од денеска, граѓаните секој ден од 12 до 17 часот можат да ја посетуваат. Во неа има  ангажирано асистент на пратеничката Рамбабова, кој ќе закажува, но и прима иницијативи и барања од страна на граѓаните за законски измени.

Штип, 8 Март 2021 (МИА) – Отворена е пратеничката канцеларија на Емилија Рамбабова од СДСМ. Таа на денешната прес-конференција информираше дека канцеларијата, која се наоѓа во зградата на Општина Штип почнува со работа од денеска, граѓаните секој ден од 12 до 17 часот можат да ја посетуваат. Во неа има  ангажирано асистент на пратеничката Рамбабова, кој ќе закажува, но и прима иницијативи и барања од страна на граѓаните за законски измени.

-Целта на отварањето на пратеничката канцеларија е остварување на непосредни контакти со граѓаните, со цел разменување на информации, давање на мислење, идеи, предлози од страна на граѓаните. Сметам и за мене од исклучителна важност како пратеник е остварување на контиунирани контакти со граѓаните, вели Рамабабова.

Пратеничката Рамбабова вели дека средбите со граѓаните од општините Штип и Карбинци се планирани секој петок, но доколку има измени ќе бидат информирани. вдј/мч/

Back to top button
Close
Close