Svet.SlajderСветСвет.Портал

Отворена истрага за убиството на притворен Афроамериканец во Денвер

Државното обвинителство во Колорадо нареди повторно отворање на истрагата за смртта на младиот Афроамериканец, Илаја Меклејн, додека беше во притвор во полицијата во Денвер, јави Би-Би-Си.

Денвер, 26 јуни 2020 (МИА) – Државното обвинителство во Колорадо нареди повторно отворање на истрагата за смртта на младиот Афроамериканец, Илаја Меклејн, додека беше во притвор во полицијата во Денвер, јави Би-Би-Си.

Истрагата е повторно покрената по јавниот протест и петицијата потпишана од повеќе од два милиони луѓе.

Гувернерот на Колорадо, Џаред Полис, оцени дека довербата во силите на редот „сега е исклучително важна, дури повеќе од кога било досега“.

Илаја Меклејн почина по полициска бруталност во притвор, а потоа и од инекцијата со кетамин, што исто така му била ставена во полицијата во Денвер, минатата година.

Неговиот случај повторно излезе на виделина по бруталното полициско убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд, минатиот месец во Минеаполис.

Убиството на Флојд предизвика бран демонстрации низ Америка и во светот против полициската бруталност и институционализираниот расизам. сд/.

Back to top button
Close
Close