0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Отворен првиот Центар за поддршка на згрижувачки семејства во Скопје

Од денеска е отворен првиот Центар за поддршка на згрижувачки семејства во Скопје, кој ќе функционира при Јавната установа за деца „11 Октомври“. Основната задача на Центарот е поддршка, помагање и насочување на згрижувачките семејства, за обезбедување соодветна грижа на детето сместено кај нив. Исто така, ќе се врши и проценка, обука и подготовка на идните згрижувачки семејства.

Back to top button
Close
Close