Дописници МКДОпштински вести

Отворен научниот собир за „Христофoр Жефарович и неговото време“ во чест на заштитниците на Струмица

Во организација на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Струмица“ и Министерството за култура, во Струмица се одржува дводневен научен собир „Христофoр Жефарович и неговото време“ како специјална тема на собирот што се организира во чест на заштитниците и покровителите на градот - Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.

Струмица, 6 декември 2019 (МИА) – Во организација на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица“ и Министерството за култура, во Струмица се одржува дводневен научен собир „Христофoр Жефарович и неговото време“ како специјална тема на собирот што се организира во чест на заштитниците и покровителите на градот – Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.

Според претседателот на Организациониот одбор, Васил Ѓоргиев-Ликин ова е втор таков научен собир посветен на заштитниците на градот Струмица.

-Христофор Жефарович претставува една крупна фигура од самите почетоци на македонската преродба. Како што е познато тој е роден во Дојран кон крајот на 17 век и потекнува од родот на Жефаровци. Овој познат македонски деец делувал во повеќе области на човековата мисла. Тој бил зограф, иконописец, бакрорезец, учебникар, печатар, монах, трговец, прв македонски хералдичар и еден од најраните македонски преродбеници, истакна вчера на отворањето на научниот собир, Ѓоргиев-Ликин.

Според професорот д-р Ванчо Георгиев, Жефарович е една од најмаркатните балкански фигури.

-Намерата ни е да кажеме дека историјата не е егзатна наука и низ анализа и препрочитување на изворите од тоа време да ги деконструираме митовите кои се создадени во соседните земји. Првиот мит е дека Жефарович бил Србин, потоа дека бил Бугарин, па Влав, созаден е мит дека е Македонец, а реално погледнато низ изворите и една ретроспектива што ја направивме доаѓаме до ситуација дека ниту една од изречените констатиции не е истражена ниту методолошки, ниту фактографски, туку тие се создадени да се стават во функција на националните идеологии, кои се перцепции од 19 и 20 век во создавање на свои национални митови, во потврдување на наводното свое славно минато, а реално ситуацијата е сосема поинаква, рече професорот Ванчо Георгиев.

Во текот на денешниот ден 19 учесници ќе поднесат исто толку реферати, а модератори се Стефан Влахов-Мицов, Митко Б. Панов, Ванчо Георгиев, Васил Ѓоргиев-Ликин, Билјана Ристовска-Јосифовска, Сашо Цветковски,Снежана Филипова и Јован Јоновски.

Со реферати ќе се претстават повеќе еминитетни професори и научници од македонските универзитети и факултети, МАНУ, Институтот за национална историја, институции и државни органи.

Во чест на Светите Петнаесет општина Струмица традиционално го празнува 11 декември како Ден на заштитниците на градот. рт/дма/

Back to top button
Close
Close