0_Македонија.ПорталДописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Отворен конкурс за учество на „Лешочки фолк-фест 2020“ 

Организаторите на традиционалниот „Лешочки фолк-фест“ инфомираат дека одржувањето на оваа музичка манифестација се планира на 27 август како секоја година во манастирскиот комплекс Свети Атанасиј и Пресвета Богородица во Лешок. Затоа е објавен и конкурс на кој ќе можат да се пријават заинтересираните изведувачи за учество на фестивалот.

Тетово, 22 јуни 2020 (МИА) – Организаторите на традиционалниот „Лешочки фолк-фест“ инфомираат дека одржувањето на оваа музичка манифестација се планира на 27 август како секоја година во манастирскиот комплекс Свети Атанасиј и Пресвета Богородица во Лешок. Затоа е објавен и конкурс на кој ќе можат да се пријават заинтересираните изведувачи за учество на фестивалот.

– Ќе се одржи новото јубилејно издание на фестивалот на македонската песна „Лешочки фолк-фест 2020“ единствената автентична културна манифестација што се одржува во овој крај на Македонија, со својот концепт и идеја на творештво и оваа година настојува да го заштити и афирмира македонскиот фолклор, како дел од македонската културна традиција, соопштуваат од фестивалот.

На конкурсот може да учествуваат сите домашни автори и изведувачи.

– Може да се пријават сите кои ја афирмираат и изведуваат новокомпонираната песна во духот на македонското фолклорно творештво, почитувајќи ја уникатната македонска мелоритмика и музички израз, како и богатото историско минато на македонскиот народ. Песните може да обработуваат теми од свадбарски, чалгаџиски, родољубив и љубовен карактер. Секој автор кој е заинтересиран да конкурира на фестивалот, потребно е да достави нотен запис, со впишани хармонски симболи, стихови, како и демо-снимка за секоја песна, соопштуваат од фестивалот.

Рокот за доставување на песните е 20 јули 2020 година. Песните може да се испратат на електронската адреса leshochkifolkfest@gmail.com ас/сст/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close