Дописници МКДОпштински вести

Отворен Инфо-пункт за млади невработени и бизнис секторот во Струмица

Во Струмица вечерва беше отворен Инфо-пункт за млади невработени и бизнис секторот во рамки на проектот „Младите-клуч за иднината на бизнис секторот“, во реализација на НВО „Центар на заедницата на Општина Струмица“ и во партнерство со „Струмичка бизнис заедница“.

Струмица, 15 јануари 2020 (МИА) – Во Струмица вечерва беше отворен Инфо-пункт за млади невработени и бизнис секторот во рамки на проектот „Младите-клуч за иднината на бизнис секторот“, во реализација на НВО „Центар на заедницата на Општина Струмица“ и во партнерство со „Струмичка бизнис заедница“.

Според проектниот координатор Миле Ѓеоргиев, Инфо-пунктот претставува канцеларија во која младите ќе можат да се обратат и да добиваат информации за тоа што го нуди бизнис секторот во Струмица во делот на вработувањето, практичната работа и волонтерството.

– Инфо пунктот ќе го користат и бизнисмените, кои преку него ќе дојдат до млади кадри за вработување според потребите во сопствените бизниси. Тука ќе се даваат и услуги за кариерно советување, профилирање на личноста и помагање во избирање на професија за младите невработени и ќе работи секој работен ден од 10:00 до 14:00 часот, рече Ѓеоргиев.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски истакна Инфо пунктот претставува обид за создавање своевидна симбиоза помеѓу двете целни групи – невработените и бизис секторот.

– Ме радува фактот што проектот работи во насока на подобрување на положбата на пазарот на трудот на младите невработени лица, како и лицата кои се дел од маргинализирани групи, ползувајќи ги севкупноста на вредностите и предностите со кои тие располагаат, рече градоначалникот Јаневски.

Проектот за отворање на Инфо-пунктот во Струмица е во рамки на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан-ReLOaD“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).рт/фф/

Back to top button
Close
Close