0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Отворањето преговори со Северна Македонија една од темите на средбата Пленковиќ – Макрон

Отворањето на преговорите за членство во Европската Унија со Северна Македонија беше една од темите на синоќешната средба на францускиот претседател Емануел Макрон со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Брисел, 13 декември 2019 (МИА) – Отворањето на преговорите за членство во Европската Унија со Северна Македонија беше една од темите на синоќешната средба на францускиот претседател Емануел Макрон со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Двајцата политичари разменија мислење околу динамиката и методологијата на водење преговори со земјите кандидати за членство во ЕУ, со фокус на отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија, пренесува ХИНА.

Макрон и Пленковиќ се состанаа во Брисел на маргините на состанокот на врвот на ЕУ.

Во мај, Загреб и Хрватска како следен претседавач со Европската Унија ќе бидат домаќини и организатори на самитот на лидерите на земји членки на ЕУ. Според најавите, таму ќе бидат поканети да учествуваат и шест држави од Југоисточна Европа. Целта на хрватската Влада е до тогаш да биде постигнат консензус меѓу членките, со цел да се даде јасен сигнал за европските перспективи на овие земји, и за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија.ав/са/

 

Back to top button
Close
Close