Дописници МКДКултураКултура.Портал

Отворањето на изложбата „Жените и фотографијата“ се одложува

Отворањето на изложбата „Жените и фотографијата“ кое беше закажано за вечерва во кумановскиот центар за култура се одлага за наредните седум дена, доколку и тогаш  нема ново соопштение од Владата во однос на препораката за наодржување собири, информираа денеска, надлежните од националната установа.

Куманово, 6 март 2020 (МИА) – Отворањето на изложбата „Жените и фотографијата“ кое беше закажано за вечерва во кумановскиот центар за култура се одлага за наредните седум дена, информираа денеска надлежните од националната установа.
На изложбата, која ја организира Фото клуб „Куманово“, ќе се претстават 37 авторки со околу 50 дела.
– Секогаш кај нас, жените биле поактивни од мажите во фотографијата што покажува и големиот интерес за оваа изложба. Веќе се направи и листа на авторки кои самите бараат да учествуваат на изложбата, уште пред да биде објавен конкурсот. Посетителите ја научија изложбата како 8-мартовски момент и ја посетуваат, изјави претходно Марина Крстиќ од Фото клуб „Куманово“.
Фотографирањето се начин жените да го презентираат својот прозорец кон светот и да ја искористат фотографијата за да испратат гласна порака, за тоа како сакаат светот да изгледа со целиот нивен идеализам, утопизам, болка и меланхолија поради актуалната состојба, велат авторките на фотографиите.
Од Клубот велат дека изложбата е можност да се види напредокот на македонските авторки.ам/фф/

Back to top button
Close
Close