Kultura.SlajderДописници МКДКултураКултура.Портал

Отворање на изложбата „Сувенир“ на стружанецот Милко Нестороски

Во спомен куќата на браќата Миладиновци денеска ќе биде отворена изложбата „Сувенир“ од струшкиот уметник Милко Нестороски.

Струга, 25 јуни 2021 (МИА) – Во спомен куќата на браќата Миладиновци денеска ќе биде отворена изложбата „Сувенир“ од струшкиот уметник Милко Нестороски.

На изложбата, како што информира авторот, ќе бидат прикажани предмети од природата, кои собрани претставуваат своја приказна.

– Сакам да ги наречам сувенири од природата, бидејќи пред се претставуваат спомен од неа и за неа. Како дела раскажуваат за изобилството на форми во природата и убавината која може да биде пронајдена во нив, од која се повеќе денешното општество е оддалечено, а ја конзумира сувата естетика на масовно произведените предмети, па и сувенири, вели Нестороски.

До предметите, како што нагласи, доаѓал преку пристап на надреалистичка игра помеѓу сопствената потсвест и надворешниот физички простор.

– Некогаш е само еден предмет, кој потоа останува сам или се комбинира со други, а другпат се повеќе предмети пронајдени во еден специфичен момент на специфично место, кои некако подеднакво логично и нелогично се соединуваат во акумулација или минијатурна инсталација. При средбата со нив пак се случува интервенција при која тие за мене стануваат и нешто друго покрај тоа што сe и со тоа добиваат симболична вредност, додаде авторот. сс/дма/

Back to top button
Close
Close