0_Македонија.ПорталОпштествоСкопје

Отварен првиот фестивал на детска креативност Трамболини

Отворен е првиот детски фестивал на креативност Трамболини во Скопје, во градски парк на Школка во организација на ЈУ Детски културен центар - Карпош, при што беа превземени сите мерки на заштита против Ковид-19.

Скопје, 22 август 2020 (МИА) – Отворен е првиот детски фестивал на креативност Трамболини во Скопје, во градски парк на Школка во организација на ЈУ Детски културен центар – Карпош, при што беа превземени сите мерки на заштита против Ковид-19.

Пред околу 100-тина посетители кои ја следеа церемонијата на отворање на фестивалот, заради мерките на претпазливост, први настапија  учесниците во работилницата Нова симфонија, кои со своја детска хорска изведба го отворија фестивалот со химната Трамболини.

Потоа беше прочитан Детскиот Минифест, кој порачува: она креативното што се наоѓа во нас е уникатно, креативноста е заразна, ја пренесуваме на сите! Со новиот Трамболини фестивал, секој ден е несекојдневен.

Отварањето беше проследено со атрактивна изведба на пантомимичар, жонглери и штулари кои ги демонстрираа своите вештини и ги забавуваа посетителите. Децата ги претставија работилниците, демонстрирајќи што креативно ќе се работи во следните денови. На радост на децата, но и на возрасните првпат се изведе „Потрага по изгубеното богатство“.

Во следните денови, организаторите најавуваат уште многу креативни работилници од областа на ликовната и музичката уметност, личен развој, природни науки, филмски проекции, танц, изложби, натпревари кои ќе ги воодушеват децата на Скопје и сите оние кои ќе бидат нивни мали и големи гости.

Фестивалот Трамболини е поддржан од Град Скопје, а како помагатели на овој фестивал се неколку компании кои обезбеди разладување за сите учесници и посетители.Сработници на  фестивалот се и Музејот на современа уметност и Археолошкиот музеј, Скопје кои ги отворија вратите за учесниците на манифестацијата, како и Кинотека на Република Северна Македонија. вг/вј/

Back to top button
Close
Close