Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

„Откривање на скриени атракции“ меѓународен проект на општините Демир Хисар и Клос

Општина Демир Хисар во партнерство со Општина Клос од Албанија и со поддршка на здружението „Арт поинт гумно“ од Слоештица и фондацијата „Флаг“ од Албанија ќе го реализираат проектот финансиран од ЕУ – „Откривање на скриени атракции“.

Демир Хисар, 6 февруари 2020 (МИА)Општина Демир Хисар во партнерство со Општина Клос од Албанија и со поддршка на здружението „Арт поинт гумно“ од Слоештица и фондацијата „Флаг“ од Албанија ќе го реализираат проектот финансиран од ЕУ – „Откривање на скриени атракции“.

Цел на проектот е мотивирање на посетители од двете држави во двете општини, да се истражуваат недопрени места и да се создаваат нови соработки, посочуваат од секторот за односи со јавност на Општина Демир Хисар.

-Носител на проектот е Општина Демир Хисар, а заеднички мотив на сите учесници во проектот е промоција на културното и природно наследство со фокус за откривање на скриените атракции во двете општини. Учесниците во проектот ќе промовираат производи за активен туризам, пешачење и велосипедизам, истражување на недопрени места и други предизвици, посочуваат од Општина Демир Хисар.

Клос е мало градче во истоимената општина, во средна Албанија, а за соработката со Општина Демир Хисар и реализација на проектот во рамки на прекуграничната соработка од фондовите на ЕУ, обезбеден е буџет во висина од 455.663 евра.мт/са/

Back to top button
Close
Close