0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Откриено кој фудбалер на Барсa e заразен со коронаворус пред мечот со Баерн

Младиот Французин неодамна се врати од позајмица во Шалке.

Лисабон, 12 август 2020 (МИА) – Фудбалерот на Барселона, Жан-Клер Тодибо е позитивен на коронавирусот, објави каталонскиот клуб.

– Тодибо е еден од деветте фудбалери кои ги започнаа подготовките за следната сезона порано и не беше во контакт со првиот тим, кој утре ќе отпатува за Лисабон за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Баерн, рекоа од Каталонија.

Младиот Французин неодамна се врати од позајмица во Шалке.

– Инфицираниот фудбалер е без симптоми, се чувствува добро и е во домашна изолација, изјавија од Барселона.

Четвртфиналниот судир помеѓу Барселона и Баерн е закажан за в петок вечер во Лисабон.

Таг
Back to top button
Close
Close