0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

Откриени 55 мигранти на локалниот пат кон село Триводи, Струмичко

Педесет и пет мигранти се пронајдени утринава во 4 часот по полноќ на локалниот пат кој води кон селото Триводи, струмичко.  Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен соопшти дека мигрантите се превезувале со товарно возило „ивеко“ без регистрарски таблички

Скопје, 22 август 2020 (МИА) – Педесет и пет мигранти се пронајдени утринава во 4 часот по полноќ на локалниот пат кој води кон селото Триводи, Струмичко.

Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен соопшти дека мигрантите се превезувале со товарно возило „ивеко“ без регистрарски таблички. Возачот откако ги забележал полициските службеници, побегнал заедно со мигрантите, но по претресот на теренот пронајдени се 55-те мигранти.

За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. бак/скс/

Back to top button
Close
Close