0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Откриени 43 мигранти во товарно возило во реонот на село Ваксинце, возачот приведен

Полициски службеници вчеравечер во реонот на село Ваксинце го лишиле од слобода 29-годишниот Б.Д. од Скопје бидејќи во товарно моторно возило што тој го управувал биле пронајдени 43 мигранти од Бангладеш.

Скопје, 23 февруари 2020 (МИА) – Полициски службеници вчеравечер во реонот на село Ваксинце го лишиле од слобода 29-годишниот Б.Д. од Скопје бидејќи во товарно моторно возило што тој го управувал биле пронајдени 43 мигранти од Бангладеш.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера околу 21:40 часот во близина на бензинска пумпа на автопат „Пријателство“ во правец од ГП Табановце- Куманово полициски службеници од Полициска станица Сопот постапувајќи по претходно добиено известување го лишиле од слобода лицето Б.Д кој управувал товарно моторно возило “Ман“ со струмички регистарски ознаки поради постоење основи на сомнение дека со возилото превезувал мигранти.

– По преземените активности, полициски службеници во реонот на село Ваксинце пронашле 43 мигранти од Бангладеш кои биле превезувани во возилото. Лицата –мигранти се сместени во Транзитен центар Табановце, а пријавениот е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, се наведува во соопштението. мс/ац/

фото МИА архива

 

Back to top button
Close
Close