0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Откриена причината зошто пропадна продажбата на Њукасл

Сепак, главна пречка не се парите, затоа што уште во јануари сопственикот на англискиот клуб Мајк Ешли се согласи да ја пренесе сопственоста од Њукасл на Арапите за 350.000.000 евра. Станува збор за „загриженост“ од страна на Премиер лигата, заради влијанието на арапскиот капитал, односно парите од Саудиска Арабија, која се соочува со постојани обвиненија за кршење на човековите права.

Њукасл, 31 јули 2020 (МИА) – Продажбата на Њукасл на инвестицискиот фонд зад озлогласениот арапски престолонаследник, Мухамед бин Салман, беше спречена, иако се чинеше дека договорот е сигурен.

– Со длабоко разбирање на заедницата во Њукасл, дојдовме до одлука да го повлечеме интересот за преземање на тимот. Долгиот процес во тековните околности, кога постои глобална неизвесност, доведе до фактот дека потенцијалната инвестиција веќе не е економски одржлива, се вели во соопштението на инвестициската група.

Сепак, главна пречка не се парите, затоа што уште во јануари сопственикот на англискиот клуб Мајк Ешли се согласи да ја пренесе сопственоста од Њукасл на Арапите за 350.000.000 евра. Станува збор за „загриженост“ од страна на Премиер лигата, заради влијанието на арапскиот капитал, односно парите од Саудиска Арабија, која се соочува со постојани обвиненија за кршење на човековите права.

Последниот ваков случај е убиството на новинарот Џамал Кашоги, за кои се виновни луѓето блиски до престолонаследникот, за кого жртвата пишуваше со критичен тон.

И покрај тоа, инвестицискиот фонд „ПЦП Капитал Партнерс“, на 21 април исплати дел од парите на сопственикот на клубот Ешли, а договорите се разменети, по што се огласи „Амнести Интернешнл“, а следеше и реакцијата на катарската телевизиска мрежа „Беин Спортс“, која го обвини саудискиот пиратски ТВ канал „BeoutQ“ за нелегално емитување на меѓународни спортски настани и кражба на програми, вклучително и натпревари во Премиер Лигата, што беше потврдено од ФИФА и УЕФА.

Таг
Back to top button
Close
Close