Дописници МКДХроникаХроника.Портал

Откриен сторителот на две тешки кражби во Штип

Дваесет и седумгодишниот Ѓ.М. е сторител на две тешки кражби извршени во куќата на 81-годишната Р.Ј. од Штип. Полициските службеници од СВР-Штип и од Полициската станица ги расветлија двете кривични дела разбојништво, од кои едно кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ и едно кривично дело „тешка кражба“.

Штип, 25 јуни 2020 (МИА) – Дваесет и седумгодишниот Ѓ.М. е сторител на две тешки кражби извршени во куќата на 81-годишната Р.Ј. од Штип. Полициските службеници од СВР-Штип и од Полициската станица ги расветлија двете кривични дела разбојништво, од кои едно кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ и едно кривично дело „тешка кражба“.

Како што информира денеска портпарол на СВР-Штип, Гордана Панјотова пријавениот во два наврати, на 16 и 23 јуни, со намера за себе да прибави противправна имотна корист со употреба на сила и подесен предмет ја отворил влезната врата на куќа на ул.„Личка“ во Штип сопственост на  81 годишната Р.Ј. од Штип, влегол внатре при што и во двата наврати физики ја нападнал и со закани и одзел златен накит и пари.

Од страна на судија на претходна постапка на Ѓ.М. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Во денешниот билтен на СВР-Штип се бележат два физички напади во Штип и Свети Николе и една тепачка во Македонска Каменица, во која учествувале четири лица на возраст од 22 до 30 години.вдј/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close