0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталДописници МКД

Откриен изворот на загадување во реката Брегалница

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски објави на социјалните мрежи дека е откриен сторителот на еколошкиот инцидент во реката Брегалница, што се случи попладнево.

Штип, 23 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски  објави на социјалните мрежи дека е откриен сторителот на еколошкиот инцидент во реката Брегалница, што се случи попладнево.

Тој вели дека заедно со претставници на риболовното друштво „Брегалница“ и загрижени граѓани бил на терен и го пронашле изворот на загадувањето во реката Брегалница, како што вели во еден од превозниците во ТИРЗ зоната.

-Повикав надлежен инспектор и крим полиција кои се на лице место. Калкулации не смее да има. Секој мора да ја сноси одговорноста на своите постапки, вели Бочварски.

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули вели дека е  известен  за еколошкиот инцендт кој попладнево се случи во реката Брегалница, откако  од каналот за отпадни води на поранешниот текстилен комбинат Македонка, па се по течинието на Брегалница низ градот Штип е со обоена  густа бела боја, а има и тежок мирис на лак.

Макрадули вели дека разговарал го градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски веднаш по инцидентот и го известил  и Државниот инспекторат за животна средина. Дециден е дека инспекторите мора да постапуваат.

МИА и претходно информиораше дека полицијата беше излезена на терен. Во исто време ќе се проверуваат и еколошките дозволи на фирмите во кругот на Македонка, од каде денеска  истекуваше белата густа течност со тежок мирис на лак.

Брегалница првпат не ја менува бојата. Пред две години водата се обои во црна,  сина и црвена боја.  Инспекторите тогаш не открија виновници, утврдија дека се работи за затнување на каналите за отпадна вода, но беа откриени пропусти кај неколку компании што се занимаваат со боење  ткаенини, а се лоцирани во кругот на поранешниот текстилен комбинат Македонка.вдј/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close