0_Спорт.ПорталОстанато

Откажувањето на Олимпијадата во 2020 година во Токио ќе го забави растот во Јапонија за 1,7%

Откажувањето на Олимписките игри во Токио ќе го забави растот на јапонската економија во 2021 година за 1,7%, според студијата на „Блумберг“.

Токио, 7 јуни 2021 (МИА) – Откажувањето на Олимписките игри во Токио ќе го забави растот на јапонската економија во 2021 година за 1,7%, според студијата на „Блумберг“.

– Откажувањето на Олимписките игри дополнително ќе ја влоши состојбата со коронавирусот и ќе има сериозно влијание врз економијата, рече портпаролот на компанијата Јуки Масуџима.

Не треба да шпекулираме дали игрите ќе се одржат или не, врз основа на нивното економско влијание. Доколку турнирот може да се одржи без никакви проблеми за здравствениот систем, тогаш треба да се одржи. Ако не можете, тогаш не треба, порача Тошихиро Нагахама, главен економист во Институтот за истражување Дај-ити.

Јапонија ќе изгуби 13 милијарди долари ако се откажат Игрите, според Нагахама. Ова е за 4 милијарди помалку од проценката на Институтот „Номура“.

– Економската корист од самиот настан не е толку голема во оваа фаза. Ако игрите го зголемат ризикот од инфекција, тоа ќе биде исклучително штетно за економијата, рече Такахиде Киучи, економист во институтот.

Казума Маеда, економист во банката „Баркли“ смета дека луѓето се фокусирани кон вакцинацијата, а не кон Олимпијадата.

– Фокусот на потрошувачите е насочен кон напредокот на кампањата за вакцинација, а не на Олимписките игри. Мислам дека тое е поважно.

Олимписките игри 2020 во Токио треба да се одржат од 23 јули до 8 август оваа година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close