0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталДописници СветЕкономијаМКД

Откажани утрешните летови Атина – Скопје и обратно, поради штрајк на контролорите на летање

Поради најавениот четиричасовен прекин на работа на Унијата на грчките контролори на летање и нивното учество во генерален штрајк организиран од Синдикатот на вработени во јавниот сектор во Грција, откажани се утрешните летови од Атина кон Скопје и обратно, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 5 мај 2021 (МИА) – Поради најавениот четиричасовен прекин на работа на Унијата на грчките контролори на летање и нивното учество во генерален штрајк организиран од Синдикатот на вработени во јавниот сектор во Грција, откажани се утрешните летови од Атина кон Скопје и обратно, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“ соопштуваат дека се откажани летовите од и кон Скопје и од и кон Ларнака и уште 14 домашни летови.

На атинскиот аеродром ќе нема летови во периодот од 11 до 15 часот по локално време. ср/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close