0_Спорт.ПорталОстанатоСпорт.Слајдер

Откажани сите Мото ГП трки надвор од Европа оваа сезона

Трките од Светскиот шампионат во Мото ГП оваа сезона ќе се одржуваат само во Европа. Откажани се три трки одеднаш: во Малезија, Тајланд и Аргентина, пренесува „Моторспор“.

Лондон, 31 јули 2020 (МИА) – Трките од Светскиот шампионат во Мото ГП оваа сезона ќе се одржуваат само во Европа. Откажани се три трки одеднаш: во Малезија, Тајланд и Аргентина, пренесува „Моторспор“.

Во исто време, првенството го продолжи договорот со организаторите на тајландската сцена до 2026 година.

Трите откажани трки ќе бидат заменети со една дополнителна трка во Европа.

Мото ГП не обелодени во која земја ќе се одвива оваа фаза. Официјалното соопштение е закажано за 10 август. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close