Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Откажани сите културни настани во М.Каменица по повод „28 Август – Денот на градот”

Општина Македонска Каменица ги откажа културните настани по повод 28 Август - Денот на градот и Денот на рударите. Поради влошување на состојбата со Ковид-19, значајниот датум во чии рамки годинава се навршуваат и 25 години постоење на Локалната самоуправа, Општината ќе го одбележи со мал број на гости како дел од општинската и Владина делегација кои се поканети да бидат дел од Свечената седница која ќе се одржи по тој повод.

Македонска Каменица, 25 август 2021 (МИА) – Општина Македонска Каменица ги откажа културните настани по повод 28 Август – Денот на градот и Денот на рударите. Поради влошување на состојбата со Ковид-19, значајниот датум во чии рамки годинава се навршуваат и 25 години постоење на Локалната самоуправа, Општината ќе го одбележи со мал број на гости како дел од општинската и Владина делегација кои се поканети да бидат дел од Свечената седница која ќе се одржи по тој повод.

-Заради зголемување на бројот на заболени и новите мерки и новите мерки за заштита од Ковид-19 откажани се сите музички настапи за одбележување на значајниот датум. Јубилејот ќе го одбележиме скромно со свечена седница на која во духот на почитување на мерките за заштита од Ковид-19 ќе направиме ретроспектива на сето она што општината го има направено во изминатите 25 години колку што постоиме како самостојна општина, истакнаа од Општината.

Во рамки на одбележувањето на Денот градот, како што додадоа, ќе биде пуштен во употреба Паркот на млади, за кој како иницијатива се изнајде урбано решение за изградба на повеќе содржини наменети за младите од М.Каменица.

-Станува збор за идејно решение на наши млади, чија идеја придонесе површината од 5000 квадратни метри со најразлични содржини наменски да биде уредена за потребите на младите, додадоа од Општината.

Жителите на М.Каменица на 28 август го слават и празникот Успение на Пресвета Богородица која е заштитничка на градот. Во рамки на црковните свечености претстојната сабота како што информираа од црковното свештенство со почеток во 08:00 часот ќе се одржи Света Архиерејска Божествена литургија, со која ќе чиноначалствува митрополитот Брегалнички г.Иларион во сослужение со повеке свештеници од Брегалничка епархија. Апелираа
до граѓаните празникот да се одбележи во духот на почитување на веќе воспоставените мерќи од здравствените власти. в.с/цр

Таг
Back to top button
Close
Close