0_Македонија.ПорталКултураКултура.Портал

Откажана оперската претстава „Кармен“ што беше најавена за 13 март

Согласно препораката на Владата на Република Северна Македонија, да се продолжи со ограничување на јавните собири и настани, НУ Национална опера и балет Скопје, вечерва соопшти дека ја откажува оперската претстава „Кармен“, закажана на 13 март, 2020 година.

Скопје, 7 март 2020 (МИА) – НУ Национална опера и балет Скопје, вечерва соопшти дека ја откажува оперската претстава „Кармен“, закажана на 13 март, 2020 година, согласно препораката на Владата да се продолжи со ограничување на јавните собири и настани.

За продолжување на редовниот репертоар  од НУ Национална опера и балет дополнително ќе информираат.
Владата на седницата одржана завчера излезе со препорака до 13 март да се ограничат јавните настани со гости од странство, да нема поголеми јавни собири, а спортските натпревари да се играат одржуваат без публика како дел од превентивните мерки против корона вирусот. вг/

Back to top button
Close
Close