0_Спорт.ПорталСпортТенис

Откажан овогодишниот турнир во Вимблдон, првпат по Втората светска војна

Првпат по Втората светска војна откажан е тенискиот турнир во Вимблдон, а 134. издание на шампионатот ќе се одржи од 28 јуни до 11 јули 2021 година, соопштија All England Club (AELTC). Причична за тоа е загриженоста за здравјето на луѓето поврзано со ширење на пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Лондон, 1 април 2020 (МИА) – Првпат по Втората светска војна откажан е тенискиот турнир во Вимблдон, а 134. издание на шампионатот ќе се одржи од 28 јуни до 11 јули 2021 година, соопштија All England Club (AELTC). Причична за тоа е загриженоста за здравјето на луѓето поврзано со ширење на пандемијата предизвикана од коронавирусот.

„Мислевме на здравјето и безбедноста на сите што учествуваат на Вимблдон – гледачи, играчи, гости, членови, персонал, волонтери, партнери, работници и локалното население“, порачаа организаторите.

„По темелно и детално разгледување на сите сценарија, веруваме дека на крајот е правилна одлуката да го откажеме годинашното првенство, а наместо тоа да се концентрираме на користење на ресурсите на Вимблдон за да им се помогне на нашите локалните заедници и пошироко“.

Поради пандемијата, професионален тенис нема да се игра никаде барем до 13 јули. сѓд/

Back to top button
Close
Close