Svet.SlajderСветСвет.Портал

Отказ за Генералниот инспектор на Стејт департментот кој водел истрага за секретарот Помпео

Американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти Генералниот инспектор на Стејт департментот, Стив Линик, кој како што соопшти претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот, Елиот Енгел, отворил истрага за државниот секретар Мајк Помпео.

Вашингтон, 16 мај 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти Генералниот инспектор на Стејт департментот, Стив Линик, кој како што соопшти претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот, Елиот Енгел, отворил истрага за државниот секретар Мајк Помпео.

-Дознав дека Канцеларијата на генералниот инспектор отворила истрага за секретарот Помпео, рече претседателот на комитетот Енгел, кој го осуди отпуштањето на Линик.

Неименуван претставник на Стејт департментот потврди дека Помпео препорачал Линик да биде отпуштен од работа, но не ја навел причината за тоа.

Трамп, во писмо до претседателот на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, наведе дека е важно да се има целосна доверба во лицата кои ја вршат оваа функција на генерален инспектор.

-Ова веќе не е случај со овој генерален инспектор, изјави Трамп, цитиран од Си-Ен-Ен.

Линик вчеравечер бил известен едека е отпуштен од работа и дека ќе биде заменет со Стивен Акард, близок соработник на американскиот потпретседател Мајк Пенс, додаде весникот „Гардијан“.

Во писмото се наведува дека отказот ќе стапи на сила за 30 дена.

Линик е последниот во низата независни владини чувари на правдата кои се отпуштени откако Трамп беше ослободен од обвинението за време на истрагата за негово отповикување.

Линик, кој за прв пат беше назначен за генерален инспектор во  мандатот на поранешниот претседател Барак Обама, одигра мала улога во истрагата за импичмент. сд/

Back to top button
Close
Close