Дописници МКДОпштински вести

Отежнато водоснабдувањето во Тетово, дефект на главен цевковод на новиот систем

Во Тетово има отежнато водоснабдување, а повторно проблем е дефект на цевководот што оди од месноста Лешница. Прекинат е дотокот на вода од новиот водоснабдителен систем кој носи вода од планинските реки и преку филтер пречистителна станица го снабдува градот со дополнителни количини вода.

Тетово, 23 февруари 2021 (МИА) – Во Тетово има отежнато водоснабдување, а повторно проблем е дефект на цевководот што оди од месноста Лешница. Прекинат е дотокот на вода од новиот водоснабдителен систем кој носи вода од планинските реки и преку филтер пречистителна станица го снабдува градот со дополнителни количини вода.

-Станува збор за дефект на главна водоводна цевка од новиот водоснабдителен систем. Цевката е скината на спој и изместена од позицијата, а сметаме дека причина е движењето на земјиштето. Поради дефектот имаме намалување на количината на вода. Работниците од претпријатието при работна единица „Водовод и канализација“ ќе бидат максимално ангажирани за побрзо и поефикасно санирање на дефектот, изјави Љуљзим Шаќири, раководител на работната единица при ЈКП „Тетово“.

Во моментот градската водоводна мрежа се снабдува со 140 литри вода во секунда од стариот водоснабдителен систем, како и дополнителни количини од бунарите. Со тоа снабдувањето достигнува до 200 литри вода во секунда.

На почетокот на јануари домаќинствата во Тетово се соочија со отежнатото водоснабдување поради заматување на водата, која се зема од месноста Лешница во новиот дистрибутивен систем. ас/мд/

Back to top button
Close
Close